Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари проштална средба со романскиот амбасадор, Виорел Станила.
Двајцата соговорници размениле мислења за севкупните политички случувања во земјава и за актуелните политички и економски предизвици со кои се соочува регионот на Југоисточна Европа во време на глобална пандемија.
На средбата, како што информира прес-службата на претседателот, потврдени се добрите билатерални односи меѓу двете земји и заложбата за интензивирање на меѓусебната соработка во сите сфери во кои постои потенцијал и заеднички интерес.