Активисти на организации за заштита на животната средина во Германија протестираат пред Министерството за транспорт во Берлин, барајќи веднаш да прекинат сите проекти за изградба на аеродроми, автопатишта и улици во земјата.
Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишува „Стоп за уништувањето на нашите елементарни ресурси” и бараат да прекине сечата на дел од шумата Даненројдер, која започна минатата недела за да се ослободи траса за изградба на нов автопат.
На собирот е присутна и германската полиција, која приведе неколкумина демонстранти кои со лепливи траки се залепиле за тротоарот.
Демонстрантите го најавија „Маршот на убиените дрвја”, а полицијата соопшти дека на денешниот протест во Берлин учествувале околу илјада активисти.