Ашот Пашинјан, син на ерменскиот премиер Никола Пашинјан, доброволно се пријави во армијата да биде на фронтот во судирите со азербејџанските сили.
„Доброволно и се приклучив на армијата”, објави на социјалните мрежи Ашот Пашинијан, кој беше демобилизиран ова лето.
„Мои браќа по оружје, мои пријатели, сега е нашиот ред да и се оддолжиме на нашата земја”, рече синот на премиерот на Ерменија.
Неговата најава уследи откако премиерот Никол Пашинјан денеска ги повика војниците кои беа демобилизирани оваа година да се вратат во армијата поради ескалацијата на ситуацијата во Нагорно Карабах, област во Азербејџан со ерменско мнозинство население.