Стано: За Нагорно Карабах е надлежна Минск групата на ОБСЕ

ЕУ смета дека Минск групата на ОБСЕ, со која претседаваат САД, Русија и Франција, е основна платформа за решавање на конфликтите во зоната на Нагорно Карабах, вели портпаролот на ЕУ, Питер Стано.

Стано нагласува дека високиот претставник на ЕУ Жосеп Борел е во редовен телефонски контакт со министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан, како и со министрите за надворешни работи на Русија и Турција.

– Високиот претставник е подготвен да се вклучи, но ЕУ на прво место ја поддржува работата на Минската група на ОБСЕ, што е меѓународно воспоставена и призната платформа за справување со прашањето за Нагорно Карабах, рече Стано.

ЕУ потенцира дека нема воено решение за зоната на конфликтот во Нагорно Карабах и ги повикува двете страни да се вратат на преговорите.

Треба да знаете
Последни објави