Претставници на етничките Ерменци во сепаратистичкиот регион Нагорно-Карабах во Азербејџан денеска изјавија дека во борбите со Азербејџан биле убиени уште 21 војник.
Со тоа, како што пренесуваат странските агенции, вкупниот број на воени жртви на сепаратистите достигна 223 од почетокот на борбите пред осум дена.
Азербејџан повторно го гранатираше Нагорно-Карабах, а претставник на сепаратистите изјави дека бројот на цивилни жртви од почетокот на борбите се искачи на 18.
Азербејџан не ги открива своите воени загуби, но тврди дека загубил 25 цивили.
Ерменските медиуми објавија дека Азербејџан користи забранети касетни бомби. Според нив, така биле убиени многу цивили, а зградите претрпеле сериозни штети.
❗️#Artsakh Infocenter warns#Azerbaijani forces use cluster munitions in #Karabakh, which are prohibited by intl law, especially in relation to civilian settlements.
❌ In case of a coming across these in #Stepanakert or in any other place, DO NOT touchhttps://t.co/tNHxsdbwES pic.twitter.com/I6a3bn7F74
— CIVILNET (@CivilNetTV) October 5, 2020