Шкотската Влада размислува дали да воведе дополнителни ограничувања за контрола на случаите на коронавирус, кои се во пораст.
Шкотската премиерка Никола Старџен на денешната прес-конференција рече дека одлуката ќе биде донесена во следните неколку дена, објави Би-Би-Си.
Таа рече дека значителен број нови случаи биле пријавени за време на викендот, што е причина за загриженост.
Во изминатите 24 часа, во Шкотска се регистрирани 697 новозаразени со вирусот Ковид-19.