Јапонскиот државен министер за економска и фискална политика на Јасутоши Нишимура добил плико со брич и закани за неговиот живот, јави новинската агенција Кјодо.
Пликот бил доставен до зградата на Советот на министри во центарот на Токио попладнето на 2 октомври. Вработен во кабинетот го отворил и го нашол бричот и лист на кој рачно неколку пати било напишано „Умри”. Авторот на пораката се потпишал како „обожавател на министерот Нишимура”.
Полицијата уште истиот ден била известена за инцидентот и во моментов се води истрага.
Од септември 2019 година Нишимура е одговорен за економската состојба на земјата, а сега и за мерките за борба против коронавирусот.