Бејтулаи: Го респектираме Косово, ама ќе го победиме

Македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи е еден од низата фудбалери во „црвено-жолтиот“ дрес кој има настап на завршница од Европското првенство со младинската селекција за играчи до 21 година во 2017 година. Сега оваа генерација на фудбалери која настапува во сениорскиот државен тим има прилика да испише уште една старница во фудбалската историја со пласман на ЕП-2020 со најдобрите селекции.  Од тоа ги делата два чекоро. Првиот е в четврток во Скопје против Косово, па доколку го поминат во еден дуел ги очекува финеле од Лигат на нации со подбриот од дуелот Белорусија – Грузија на гости.

-Очекувам да се пласираме на Европско првенство. Ние треба да дадеме максимум за да го победиме Косово. Имаме голем респект кон Косово, ама позната е нашата цел победа. Имаме многу добар тим, многу години играме заедно и треба само тоа да го потврдиме на теренот. Ако дадеме сите максимум ќе го победиме Косово. Ние сме професионалци, секој меч има своја тежина, но ништо од тоа нема да не спречи ако одиграме како што сакаме, вели Бејтулаи.

Треба да знаете
Последни објави