Македонски концепт го поздравува извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјата и ги уважуваме сите нотирани успеси на Македонија на патот кон ЕУ.
Сепак, во насока на ЕК за понатамошна имплементација и почитување на договорот од Преспа и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, Македонски концепт смета дека е значително забавена имплементацијата на договорите, особено Преспанскиот договор од страна на Грција.
Македонската влада е сенилна во врска со имплементацијата на Преспанскиот договор од грчка страна.
Дополнително, обидот да се забрза имплементацијата на Илинденскиот договор со Бугарија преку нов фејк компромис помеѓу Заев – Борисов во ноември, само со затворање на темата за Гоце Делчев како замена за бугарска согласност за почеток на преговори со ЕУ, не е решение туку одлагање на решението. Планот сите “бугарски барања” да се стават во поглавје добрососедство и да се одложат за година две, но од билатерални бугарски барања, да станат европски услов за влез во ЕУ е апсолутна глупост. Тоа ќе ја доведе Македонија до национална катастрофа!
Во однос на останатите реформи, пред се во администрацијата, судството, заштита на човековите права и заштита од дискриминација како и економијата, недостатокот од спроведување на дел од реформите, ги потврдуваат нашите тврдења дека оваа Влада функционира само на хартија, а реалната имплементација е слаба. Македонија до сега требаше да ги започне преговорите со Европската Унија. Напротив, проблемите ги ставаме под тепих, реформите на хартија, имплементација по брза постапка во пет до 12, и очекуваме некој друг да сработи за нас.