Шпанската „Марка“ објави интервју со хрватскиот фудбалски интеранционалец Лука Модриќ во кое помеѓу другото играчот на Реал Мадрид зборуваше и за донеодамнешниот соиграч Герет Бејл. Велшкиот интернационалец Бејл во овој преоден рок се врати во Тотенхем од каде во 2013 година пристигна во Реал Мадрид и во тој период го направи најскапиот трансфер во светот. Во последната сезона Бејл ја загуби довербата од тренерот Зинедин Зидан. Велшанецот постојано беше мета на критики кај шпанските медиуми и навивачите на Реал, а што Модриќ смета дека тоа ги минало сите граници на корекност.
-Голем дел од кариерата поминавме заедно. Четири години во Тотенхем и седум во Реал. Герет е спектакуларен играч на теренот, надвор од него е срамежлив како мене. Тоа што во последните години се зборуваше за него е ужасно и не беше фер. Цело време беше на удар, напади и критики, но она што тој го даде за Реал е импресивно. Секогаш ќе го паметам по она што го направи за клубот. Лага е дека имаше проблем во соблекувалната и дека не знаел шпански. Го зборуваше и тоа многу добро, само што не сакаше да дава интервјуа. Таков е неговиот карактер. Сум разговарал со него и најважно му е неговите пријатели и соиграчи да ја знаат вистината, изјави Модриќ.