Николоски: Власта на Заев си го покажа вистинското лице не ги прифатија предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за помош на лозарите, помило им е да трошат на чоколади и ф’стаци

Вечерва заедно со пратениците од четвртата изборна единица, како и со претседателот на Комисијата за земјоделие во Собранието сме во посета на с. Тимјаник, Неготинско. Да поразговараме со лозарите, имено во Собранието на Република Македонија изминатите три дена се случуваше јавна расправа за состојбата во лозарството и откупот на грозјето.

Таа јавна расправа беше иницирана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на барање на лозарите од целиот Тиквешки регион.

За жал власта на Заев и СДСМ си го покажаа вистинското лице, затоа што по три дена расправа решија да не ги поддржат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Кои што кратко ќе ги кажам:

Прво, гарантиран откуп на грозјето.

Второ, гарантирана цена која што ќе е 20% над производната цена. А, тоа значи некаде 18-тина денари по килограм, а не два односно 1.5 денар како што се откупува сега.

Понатака, зголемување на субвенциите по хектар, од постојни 48 на 96.000 денари.

Ослободување на земјоделците од плаќање на надоместок за земјиште, како и надоместок за вода.

И најбитното, државен интервентен откуп на сето грозје кое што не може да се откупи заради ниските цени кои што ги имаат лозарите.

Ова се всушност барања кои што ги има подолго време ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. А, кои што ги ветуваше Заев како опозиционер, а сега не ги решава. И ние единствено што побаравме да се издвојат десетина милиони евра од Буџетот, кои што можат да се најдат доколку се скратат оние непродуктивни расходи. Или да намалат со вртење на милионите во РЕК Битола. Или не се купуваат цветни аранжмани, чоколади и ф’стаци итн. во Владата. И тие средства се наменат за македонските лозари и македонските земјоделци.

За жал, власта на Заев тоа го доби со што го покажа вистинското лице, а тоа е дека не е на страна на народот, туку е на страна на зелената мафија.

Ние ќе продолжиме да се бориме заедно со народот, и затоа сме на терен. Имаме образ да се појавиме пред луѓето и заедно со народот ќе ја победиме зелената мафија со која што шефува лично Зоран Заев.

 

 

Треба да знаете
Последни објави