Плејмејкерот Тејлор Рочести ќе се врати во редовите на кошаркарскиот тим наЦрвена ѕвезда, за која играше во сезоната 2017/18. Американецот со црногорско државјанство добил понуда од српскиот тим и ја прифатил, пренесува „Спортандо”.
Кошаркарот минатата сезона ја помина во Олимпијакос, Грција.
„Црвено-белите” лошо ја почнаа сезоната во Евролигата. Тие пред пет дена, во 1. коло загубија од Фенербахче со 77:63 на гостувањето во Истанбул.