Асад: Милитанти од Сирија се борат во Нагорно-Карабах

Претседателот на Сирија, Башар ал Асад денеска изјави дека сириските милитанти се борат во Нагорно-Карабах.

– Дамаск тоа може да го потврди, изјави Асад во интервју за РИА Новости.

Тој додаде и дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е „главен иницијатор” на судирите.

– Ги поддржува терористите во Либија, беше главен иницијатор и во судирите во Нагорно-Карабах помеѓу Азербејџан и Ерменија, истакна Асад алудирајќи на Ердоган.

Треба да знаете
Последни објави