Бесплатни влезници за посета на ЗОО во Скопје за корисниците на Магента 1

Сите корисници на Mагента 1 промотивно добиваат бесплатен влезници за посета на Зоолошката градина во Скопје, кој може да се искористи до 31 октомври. Секоја мобилна линија од Mагента 1 фамилијата може да го активира бесплатниот електронски билет само преку ТелекомМК апликацијата, преку категоријата „Промотивен билет за Скопје ЗОО”.

Од прес-службата на Зоолошката градина информираат дека една од главните функционалности на  интерактивната апликација Скопје ЗОО се онлајн билетите, кои можете да ги купите каде и да сте, за да ги избегнете редовите на чекање и да останете безбедни во време на препорачана социјална дистанца.

– Скопје ЗОО апликацијата ви нуди и интерактивна едукација со интересни податоци за животните. Повеќе од 500 животни од 83 видови се организирани според категории за да можете полесно да се снајдете и да го надополните вашето искуство како посетител. Освен едукација и онлајн билети, апликацијата содржи и дигитална мапа за навигација, која ќе ви покаже рута како најлесно да стигнете до живеалиштето на вашето омилено животно. Таа е достапна за сите посетители, во три јазични верзии, едноставна е за користење и нема потреба од креирање кориснички профил, посочуваат од Зоолошката градина.

Треба да знаете
Последни објави