Бонд го нема, но некои филмови се спремни за киносалите

Џејмс Бонд премина од херој во негативец во очите на некои љубители на филмот, кои сега стравуваат за иднината на големиот екран кога последното одлагање на 007 доведе британскиот кино-ператор „Синеворлд“ да ги затвори вратите во САД и во Велика Британија (засега), коментира Би-би-си.

Но, и покрај исчезнувањето на повеќето блокбастери и на голем дел од публиката, многу киносали се борат да останат отворени, а во распоредот за 2020 година сè уште има долг список на филмови со помал буџет.

Режисерката Џесика Свајл, чија историска драма Summerland излезе ова лето, рече дека го разбира финансискиот страв што ги натера студијата да ги одложат филмовите, како „Не е време за умирање“, „Брзи и бесни 9“ и „Црната вдовица“ на „Марвел“ до 2021 година.

Но, таа изјави за програмата на „Би-би-си радио 4 тудеј“ дека постои многу поширока слика што треба да се земе предвид доколку студијата сакаат киносалите да ја преживеат пандемијата.

„Блокбастерите се возила што ја обновуваат нашата публика и затоа во суштина, ако тие се држат настрана, мислам дека и публиката ќе остане настрана“, рече таа. „Ако не излезе ниеден хит, ќе има нокаут-ефект, а тоа значи дека независните киносали и други делови од филмската индустријата ќе бидат под закана“.

Во меѓувреме, филмскиот критичар Џејсон Соломонс во понеделникот за „Би-би-си радио 5“ изјави дека постои ризик луѓето да ја изгубат страста што ја имаат за кино.

Треба да знаете
Последни објави