Вархеји ќе допатува во Тирана

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји за утре попладне најави дека ќе отпатува во Тирана.

– Оливер Вархеји ќе го посети регионот оваа недела за да ги презентира годишните извештаи и економските планови за инвестиции. Тој утре попладне, околу 19.10 часот ќе биде во Тирана каде ќе се обрати пред парламентот и ќе се сретне со претседателот Илир Мета и премиерот Еди Рама. Ќе се сретне и со претседателот на Демократската партија Љуљзим Баша и соодветните стуктури за ветинг, напиша Луиџи Сореца, евроамбасадорот во Албанија.

Неговата посета доаѓа во важен момент кога усвојувањето на измените на Изборниот законик, без постигнат консензус, дополнително ја продлабочува политичката криза во Албанија. Утрешната посета на Вархеји на Тирана е втора по онаа на 16 јануари.

Треба да знаете
Последни објави