Вил Смит и неговото семејство добија награда „Робин Вилијамс“

Семејството на Вил и Џејда Пинкет Смит ја прифати наградата „Робин Вилијамс – наследство oд смеа“ (Robin Williams Legacy of Laughter Award) на виртуелна церемонија одржана минатата недела.

А, ѕвездата на „Мажи во црно“ во понеделникот сподели видео на Инстаграм на кое тој и неговото семејство му оддаваат чест на покојниот комичар и неговото животно дело.

„Тој влијаеше на нашите животи генерациски“, вели Смит во видеото.

На Вил и Џејда им се придружи нивната ќерка Вилоу (19) и синот Треј (27) за лично да ја прифатат наградата, иако трофејот не стигна до семејната куќа поради пандемијата.

Наградата ја додели добротворната организација на Глен Клоуз, а семејството Смит го избраа децата на покојниот Робин Вилијамс, Зак и Зелда.

Треба да знаете
Последни објави