Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, вечерва се сретна со претседателот на Ловечката федерација на Македонија, Влатко Алексовски и со претставници од Федерацијата.
На состанокот е разговарано за потребата од нов Закон за дивеч и ловство, за потребата од измени на Законот за оружје во делот на овластувањата на ловџиите за поседување оружје, како и за други прашања, со цел подобро функционирање на ловечката дејност.
На средбата е изразена заедничка согласност дека дивечот е делумно обновлив извор и дека во рамките на активностите за заштита на животната средина, важна е и грижата за дивечот и за ловиштата во земјава.
Од страна на премиерот Заев е изразена поддршка на заложбите на Ловечката федерација, во насока да се доуреди функционирањето на ловството во нашата држава.
Од страна на премиерот Заев е изразена поддршка на заложбите на Ловечката федерација, во насока да се доуреди функционирањето на ловството во нашата држава.
Претставниците Ловечката федерација се заблагодарија на претседателот на Владата, Заев, за отвореноста да ги сослуша прашањата поврзани со ловството и за поддршката за законско доуредување на дејноста.