На денешната седница Владата донесе Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на максималниот износ на нето – задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2020 година.
Согласно претходното изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, со оваа одлука се утврдува максималниот износ на нето-задолжувањето преку издавање на државни хартии од вредност во 2020 година и тоа ќе изнесува 15.375.000.000,00 денари, наместо предвидените 12.300.000.000,00.