Ирина Шајк зрачи со женственост и сексапил

Таа последен пат беше видена како ги покачува температурите во модното шоу на брендот за женска долна облека  „Севиџ икс фенти“ на Ријана, кое се емитуваше на „Амазон премиер“ во петокот.

Рускиот супермодел Ирина Шајк (34) повторно изгледаше сензационално на вообичаена прошетка по њујоркшките улици во понеделникот попладне.

Ирина ја покажа својата фантастична фигура во сиво-црн плетен комплет со лежерна, но истовремено и шик нота, притоа откривајќи малку гола кожа благодарение на соодветните шорцеви со висок струк што ги носеше одоздола.

Поранешната девојка на Бредли Купер носи правоаголни темни очила за сонце и црна маска за лице која виси од едното уво додека го приближува кафето до устата. Нејзината темна коса е собрана на задната страна во ниска пунџа.

Една од најплатените манекенки во светот беше убиствено секси во спектакуларното модно шоу на Ријана – необична ревија на женска долна облека од брендот Savage X Fenty – премиерно прикажано на „Амазон“ на 2 октомври.

Треба да знаете
Последни објави