Како што кажуваше ВМРО-ДПМНЕ, добрососедскиот договор со Бугарија само ќе произведува нови проблеми

Во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5 , Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ говореше во минатото за договорот со Бугарија, дека тој договор нема да ги реши проблемите.

-За жал ние гледаме веќе две години од потпишувањето на тој договор дека тој е еден од ретките договори кои произведува нови проблеми со кои ние ќе се соочуваме во наредниот период. Како што знам овој месец треба да се состанат комисиите на двете страни и да се разговара за Гоце Делчев претпоставувам и за јазикот. Оставам простор на нашата комисија но, се надевам дека ќе бидат доследни на нивните ставови кои цело време ги слушаме, а тоа е дека за Гоце Делчев и за јазикот не треба да се преговара. Го слушаме Зоран Заев како вели ние Гоце Делчев ќе си го чувствуваме како наш, а Бугарите како нивни. Па што е променето од потпишувањето на договорот, ние и тогаш и сега Гоце Делчев го чувствуваме како наш. И што ќе смени оваа комисија. Јас се имам описменето и учено во основното училиште Гоце Делчев – Гоце Делчев може да биде само Македонец. Затоа ВМРО-ДПМНЕ кажа дека Гоце Делчев е црвената линија, а македонскиот јазик не е за преговарање, рече Нелоски.

Треба да знаете
Последни објави