Македонската фудбалска репрезентација в четврток ја пречекува селекцијата на Косово (20.45 ч.) на арената „Тодор Проески“ во Скопје во рамките на полуфиналето од Лигата на нации. овој натпревар може да ги доведе двете селекции на само еден чекор од пласман на историска завшница на ЕП-2020, кое поради пандемијата со коронавирусот е поместено да се одржи идната година во 12 градови ширум Европа.
Поранешниот македонски селектор во два наврати Драган Канатларовски – Цапар, за ФФМ говереше за репрезентацијата и дуелот со Косово.
-Нашиот тим е во голем подем, треба да го искористиме моментот и психолошки да бидеме стабилни. Пандев знае како е да се играат големи натпревари и се надевам дека ќе го искористиме на најдобар начин. Фудбалерите треба да го дадат најдоброто, за себе, но и за нашата држава“, вели Цапар.