Актуелниот англиски фудбалски првак Ливерпул потврди дека имаат и трет случај на заразен од коронавирусот во нивната екипа. Тоа е Џердан Шаќири, кој направил тестирања во Швајцарија, каде што требаше да и се приклучи на репрезентацијата.
Ливерпул досега имаше два случаи на заразени фудбалери со коронавирусот Садио Мане и Тијаго Алкантара.
Позитивна вест за шампионот е тоа што следи репрезентативната пауза, па до следниот меч, односно дербито против Евертон во Премиерлигата би можеле сите тројца да бидат на располагање за составот на тимот.



