Три лица починале во Косово како последица од коронавирусот во последите 24 часа, со што бројката на вкупно умрени се искачи на 635. Според Институтот за јавно здравје во Косово за истиот период се тестирани 483 лица, а позитивни тестови имаат 34 лица.
Излекувани од вирусот се 122 пациенти, активни остануваат 1.203 лица.