Лацио го прегледа и го пушти Муричи да игра за Косово

Најдобриот косовски напаѓач Ведат Муричи ќе биде во комбинација за составот на тимот на Косово  против Македонија на дуелот од полуфиналето во Лигата на нации кој ќе се одигра в четврток (20.45 ч.) во Скопје. Ова го потврди италјанскиот фудбалски калчолигаш Лацио кој му дозволи на својот играч да се приклучи на подготовките на националниот тим. Косовските медиуми претходно го отпишаа голгетерот за овој решавачки натпреавр, бидејќи пред само една седмица го победи коронавирусот, по што од Истанбул се пресели во Рим за да се види со новите соиграчи.

Во текот на денешниот ден врз Муричи биле извршени детални лекарски прегледи, по што римскиот клуб му дозволил да замине за Приштина. Останува да се види дали Муричи ќе се најде во стартниот состав, со оглед дека екс-голгетерот на турскиот Фенербахче веќе извесно време се жалел и на повреда на мускулот.

Треба да знаете
Последни објави