Додека финалната серија од кошаркарскиот НБА плејоф во 2020 година помеѓу Лејкерс и Мајами (2-1) сè уште трае, обложувалниците веќе почнуваат да го предвидуваат резултатот за сезоната 2020/21.
Според „Ceasars Sportsbook”, тимовите од Лос Анџелес, Лејкерс (+375) и Клиперс (+400) се главните фаворити за освојување на НБА следната сезона.
Следуваат Милвоки (+550) и Голден Стејт (+800).
Во ТОП 10 фаворити се и: Бостон (1.200), Бруклин (1.400), Мајами (1.400), Торонто (2.000), Хјустон (2.000) и Денвер (2.000).