Македонија е црна дупка во Европа во однос на справувањето со корона вирусот. Според Би-Би-Си Македонија е црн рекордер по смртност. И последното деноноќие државата бележи црн биланс, односно над 15% од тестираните се заразени, а четворица се починати. Од почетокот на епидемијата заразени се 18.873 лица, а починале 760. Згора на се, мафијашите на власт ниту знаат ниту умеат да спроведат мерки кои ваквата состојба ќе ја подобрат или спречат. За политички цели промовираа нова нормалност и декларираа дека Македонија го победиле вирусот, за сега кога ситуацијата ескалираше да бараат вина во народот и во секој друг, само не во самите себе. Сето тоа е резултат на неспособноста и неодговорноста на мафијата на власт.
Мафијата на власт се грижи само за личното богатење. За нив ваквата катастрофална состојба е само обична статистика, која уште без срам сакаат да ја прикажат како успешно справување со вирусот. Луѓе се разболуваат и умираат, а тие отвораат си тераат забави во кафулиња, како во случајот од пред некој ден во Кочани.
Македонија тоне од ден во ден. Не само поради здравствената криза, туку и поради последиците од неа. Образованието е во хаос, а економијата ни е во слободен пад, народот осиромашува, а мафијата на власт мува не ја лази.