Познатиот диџеј и текстописец Дејвид Гета се присети како Мадона планирала да работи со него сè додека не го открила неговиот хороскопски знак. Таа потоа ја отфрлија можноста да работат заедно.
Кога се појави на McFly and Carlito на „Јутјуб“, тој изјави: „Јас многу одамна направив ремикс за Мадона и освоив ‘Греми’ за ремиксот. Ми се јави потоа и ми рече дека го сака ремиксот и сака да го продуцирам нејзиниот следен албум. „Доаѓам на ручек“. Зборувавме за сè, за музиката, она што таа сака да го направи со албумот. Супер беше. Многу опуштено, многу кул. Ручавме. Пред да се договориме кога ќе почнеме со работа, таа ме праша кој знак сум во хороскоп. Јас ѝ кажав: Шкорпија. Одеднаш таа направи гримаса и ми рече„Жал ми е, нема да можеме да работиме заедно. Беше задоволство да те запознам. Збогум“, изјави Гета, кој неодамна откри дека има доволно нова музика за следните 10 години.