ВМРО-ДПМНЕ вечерва организираше нов протест против поскапувањето на струјата за 7,42 отсто, барајќи враќање на старата цена и оставка на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и нејзиниот претседател Марко Бислимовски.
Протестот почна пред Спортскиот центар „Јане Сандански” во Аеродром од каде учесниците со возила во колони се упатија пред РКЕ во Центар.
Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека струјата поскапува во услови на економска криза наспроти многу европски земји каде што цената е намалена. Бислимовски и РКЕ, рече, треба да поднесат оставка или да бидат разрешени од Владата и да се именува професионална Регулаторна комисија.