За прв пат од 1980 година, раководството на шпанскиот фудбалски првак Реал Мадрид не пазареше во летниот преоден рок, објави АС. „Кралскиот клуб” ги врати во своите редови Мартин Јодегор, Лунин и Алваро Одриосола, кои беа позајмени.
„Сантијаго Бернабеу” го стегна ременот заради финансиската криза по пандемијата. Во исто време, кралскиот клуб генерира приход од околу 200 милиони евра од излезни трансфери, забележува „Марка”.
„Лос Бланкос” започна со продажба во јуни, кога договори 3 милиони евра за разделбата со Чави Санчез. Во јули, Реал Мадрид го продаде Ашраф Хакими за 40 милиони евра плус 5 милиони бонуси. Во истиот месец, „Бернабеу” се раздели со Де Фрутос (5 милиони евра) и Дани Гомез (2,5 милиони евра).
Во август беа заработени вкупно 18 милиони од продажбата на Оскар во Севиља (13,5 милиони евра) и Мигел Баеза (2,5 милиони), како и кирии од Куба, Ваљехо и Раниер.
Во септември, нови 37,5 милиони евра беа генерирани од Герет Бејл, Хамес Родригез, Серхио Регилон, Соро, Браим Дијаз, Дани Себаљос и Франчу.
Во септември, Борха Мајорал беше позајмен за 2 милиони евра (за две сезони).
Тоа прави вкупно околу 111 милиони евра. Уште 90 милиони (50 милиони бруто беа на Бејл и Хамес) беа заштедени од платите на овие играчи за да се стигне до сума од 200 милиони евра.