Македонија против Косово в четврток во Скопје (20.45 ч.) ќе го игра едн од најважните мечеви од појавувањето на меѓународната сцена. Со евентуална победа во 90 минути без право на поправен „црвено-жолитите“ ќе се палсираат во финалето од плеј-офот во Лигата на нации каде ги очекува подбриот од дуелот Белорусија и Грузија за пласман на ЕП-2020.
-За мене ова е еден од најважните натпревари во кариерата. Сите знаеме што значи националниот дрес и сите знаеме дека во игра е пласман на Европско првенство. Играме без публика, но ако сега направиме добар резултат мислам дека континенталниот собир ќе ни биде на дофат. Верувам дека сме поквалитетен тим и домашниот терен за нас е многу важен фактор. Мораме да дадеме се од себе и тоа воопшто не треба да се споменува. Сите знаеме што за нас значи Горан Пандев. Тој е нашиот лидер, капитен, најдобар играч за него може да се зборува само во суперлативи. Ќе ни значи многу и треба максимално да го искористиме. Ни останува да го чекаме тој тој натпревар и да покажеме на теренот зошто сме фаворити на хартија, изјави Стефан Спировски.