Стојановски: Сите знаеме колку е важен за нас натпреварот со Косово

Македонскиот фудбалски репрезентативец Влатко Стојановски се надева на успех на средбата со Косово. Тој вели дека сите негови соиграчи се подготвени за дуелот кој е претпоследна пречка на патот кон Европското првенство.

-Од нас фудбалерите може да очекувате дека ќе го дадеме максимумот. Сите знаеме што значи овој натпревар, како за нас, така и за целата држава. Мислам дека ќе биде тешка средба, ама се надевам дека ќе го победиме Косово. Нивната игра добро ќе ја анализираме. Ќе се потрудиме со нашиот квалитет да ги нападнеме нивните слаби страни и на крајот да се радуваме на победа, изјави напаѓачот Стојановски.

На 8 октомври во Скопје во еден меч без право на поправен македонските фудбалери се домаќини на косовската селекција во полуфиналето од плејофот во Лигата на нации.

Треба да знаете
Последни објави