Белоруската опозиција не се контролира од странство, изјави денеска поранешната претседателска кандидатка Светлана Тихановскаја на нејзиниот канал „Телеграм”, пред состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел.
– Опозицијата не се контролира од странство. Не ја контролираат од Русија, рече Тихановскаја.
Според неа, пред два месеци претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, го обвини нејзиниот сопруг Сергеј Тихановскиј, кој во моментов е во притвор, за организирање масовни протести, координирани од Русија.
– Сега, претседателот Лукашенко се предомисли и ја обвини Европа, додаде Тихановскаја.
Заменик портпаролот на германскиот кабинет, Улрике Демер во петокот соопшти дека Ангела Меркел ќе се состане со Тихановскаја во Берлин на 6 октомври. На средбата ќе се разговара за ситуацијата во Белорусија по претседателските избори.