Лекарот на претседателот на САД, Шон Конли изјави денеска дека Доналд Трамп не чувствува „никакви симптоми” на новиот коронавирус откако се врати дома од болница.
Во изјавата дадена од Белата куќа, Конли изјави дека медицинскиот тим на претседателот се состанал утрово со него.
Трамп, како што се наведува, ја поминал „првата ноќ дома мирно”, се чувствува добро и нивото на кислород во крвта е стабилно.
Конли не наведе со каква терапија се лекува Трамп.