Ферари со подбрувања на болидот за „Нирбургринг”

Тимот на Ферари напорно работи во последните неколку недели на аеродинамиката на нивните болиди.

За претстојното ГП на Ајфел овој викенд, „Скудерија” продолжува со ажурирањата на нивниот аеродинамичен пакет во потрага по подобра рамнотежа, што се покажа дека е нивната „ахилова пета” од почетокот на годината.

По успешните тестови во симулаторот во Маранело на нови компоненти, Ферари ќе се обиде да ги подобри своите перформанси на трката на „Нирбургринг”. Станува збор за нов дифузер, промени во задната суспензија и страничните дефлектори зад предното крило, што треба подобро да ги расчисти протоците на воздух од предните гуми, компонентите на крилото и предната суспензија.

Треба да знаете
Последни објави