Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, по повод усвојувањето на годишниот пакет за проширување и планот за економски инвестиции за Западен Балкан, нагласи дека ЕУ не е целосна без Западен Балкан.
„Кредибилна политика за проширување е инвестиција во мир и безбедност за цела Европа, особено во услови на зголемени глобални предизвици”, напиша Борел на својот профил на Твитер.
Тој го повтори ставот на Европската комисија дека граѓаните на Западен Балкан се „дел од Европа и припаѓаат на ЕУ”.
Европската комисија наведува дека преку Пакетот за проширување усвоила нов „водич” за сите партнери од Западен Балкан на пат кон ЕУ.