Веќе се вртат имињата за наследникот на Солскјер

Манчестер јунајтед беше декласиран од Тотенхем на домашен терен со 1-6 во рамките на 4. коло од англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција, па медиумите на Острово почнаа да шпекулираат дека може да дојде до смена на жешкото столче каде сега седи норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер.

За Солскјер ќе има уште неколку натпревари да го поправи впечатокот и резултатите, а ако тоа не се случи, тогаш ќе добие отказ.

Како негови сериозни наследници веќе се споменуваат имињата на Маурицио Покетино и Масимилијано Алегри. И двајцата се без ангажман.

Треба да знаете
Последни објави