Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, пристигна во Азербејџан, каде што се состана со претседателот Илхам Алиев и други претставници на азербејџанската влада.
По слетувањето на аеродромот во Баку, Чавушоглу на „Твитер“ напиша дека отпатувал во Азербејџан за да го поддржи братскиот азербејџански народ.
„Ние сме во Баку за да ја изразиме поддршката и солидарноста на нашата држава и нација на братскиот Азербејџан“, напиша тој.
#CanlıYayın 📡
Azerbaycan Dışişleri Bakanı Ceyhun Bayramov ile Ortak Basın Toplantısı📍 Bakü/Azerbaycanhttps://t.co/P2R1RWkKR5
— Mevlüt Çavuşoğlu (@MevlutCavusoglu) October 6, 2020
Се очекува Чавушоглу да разговара со азербејџанските власти за состојбите во Нагорно-Карабах, како и за други регионални и меѓународни прашања.
Претходно, турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, зборуваше за конфликтот во Нагорно-Карабах, велејќи дека Ерменија мора да ја напушти окупираната азербејџанска територија.