Изложба „Од уметничката ризница на Бигорскиот манастир“ во МАНУ

По повод јубилејот 1.000 години од основањето на Бигорскиот манастир, во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите, на 8 октомври (четврток), во 12 часот, ќе се отвори изложбата „Од уметничката ризница на Бигорскиот манастир“.

На свеченото отворање на изложбата ќе се обратат претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев и г. г. Стефан, архиепископ охридски и македонски.

На изложбата ќе бидат презентирани дваесетина иконописни дела од ризницата на манастирот, како и дела од применетата и графичката уметност од депоата на музејските институции.

Автор на изложбата и на каталогот е Сашо Цветковски, научен советник во Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ.

Треба да знаете
Последни објави