Ким Кардашијан изнајми вила со поглед на Тихиот океан

Се чини дека сè е нормално во светот на Ким Кардашијан и покрај медиумските шпекулации за криза во нејзиниот брак. 39-годишната реалити ѕвезда ужива во задниот двор на изнајмена вила во Малибу со поглед кон Тихиот океан.

Таа сподели неколку нови фотографии и гиф за своите 189 милиони следачи на Инстграм, а на нив таа позира во светло син комплет – блуза на едно раме и соодветно здолниште.

Ова доаѓа откако сопственичката на козметичката линија за убавина KKW Beauty сподели семејна фотографија со сопругот Канје Вест, отфрлајќи ги гласините дека брачната криза се продлабочува.

Треба да знаете
Последни објави