Кристијан Димовски е младо момче од Скопје на 25 годишна возраст, без претходни знаења околу реставрирање на автомобили, но љубовта и желбата самиот да си реставрира и да си вози Yugo конечно му се остварила. Потрошил 18 месеци „од корен“ да го смени возилото, да го дотера според неговиот вкус, а притоа да се задржи автентичноста и да може истото да се регистрира. Потрошил и 2.750 евра колку шти му требале да го среди, и имал единствено помош од неговиот чичко околу лимарските детали, пишува „24Ауто“.
-Идол ми беше Крсте Трајковски, македонскиот натпреварувач кој се тркаше токму со Yugo. Отсекогаш сум посакувал самиот да си средам едно возило, и тоа самиот, од „нула“. Сосема случајно го купив ова Yugo од роднини во Скопје и така почна приказната. Единствено имав помош од мојот чичко кој има сервис и тој ми помогна околу лимарските детали, се да се среди. Се друго е дело на моите раце, раскажува Кристијан.
Повеќе на „24Ауто“.