Шпанскиот тим Леганес ќе заработи пет милиони евра од трансферот на Томас Парти кој на истекот од преодниот рок за фудбалери се пресели во англискиот Арсенал. Леганес од трансферите на Парти заработи дури 11 милиони евра, иако овој фудбалер не го ни облече дресот на шпанскиот тим, кој минатат сезона испадна од Ла Лига.
Фудбалерот од средниот ред стана член на Арсенал откако „топчиите“ ја активираа откупната клаузула од 50 милиони евра. Шпанските медиуми објавија дека покрај Атлетико Мадрид и екипата на Леганес ќе добие дел од парите.
Парти само што беше купен од Леганес, истиот ден беше продаден и тоа во периодот кога настапуваше во третата шпанска лига. Со продажбата Леганес го задржа правото да добие 10 проценти од идните трансфери на Парти, а во овој случај тоа изнесува пет милиони евра.
Леганес во 2017 година ги продаде преостанатите 40 проценти од договорот на Парти на Атлетико Мадрид за сума од шест милиони евра, со што вкупно заработи 11 милиони евра.