Генералот Марк Мили, командант на Здружениот Генералштаб на армијата на САД, е во самоизолација по контакт со заразен офицер од крајбрежната стража, изјави воен извор.
Пентагон соопшти дека неколку високи американски воени офицери се во самоизолација откако присуствувале на состаноци минатата недела со заменик командантот на крајбрежната стража, адмирал Чарлс Реј, кој е позитивен на Ковид-19.
„Поради претпазливост, сите потенцијални блиски контакти од овие состаноци се во самоизолација и се тестирани утрово. Ниту еден контакт со Пентагон не покажал симптоми и во овој момент нема дополнителни позитивни тестови за пријавување”, наведуваат од Пентагон во соопштение.
Крајбрежната стража соопшти дека Реј бил позитивен на тестот во понеделникот откако покажал благи симптоми и дека е во карантин дома.
Засега „нема промена во оперативната подготвеност или во способноста во мисиите на вооружените сили на САД”.
„Високите воени лидери се во состојба да останат целосно способни за мисија и да ги извршуваат своите должности од алтернативно работно место”, наведуваат од Пенгатон.