Синот на легендарниот кошаркар Меџик Џонсон, И Џеј Џонсон, деновиве е фотографиран во Њујорк во провокативно издание – мини здолниште и кроп топ.
И Џеј (28) ова лето уживаше на одмор во Хрватска. Синот на Џонсон откри на јавноста дека е хомосексуалец во 2014-та година.
Неговото семејство било свесно за ова уште од неговите најмали години кога уживал да си игра во плакарот на мајка му со скапите брендирани парчиња. Тој отворено разговарал со нив за прв пат на свои 17 години.
Меџик го поддржува својот син во одлуките и во тоа како се чувствува и што сака да прави. Иако на почетокот бил шокиран, сепак му било потребно време да го процесира истото.
Ова е дел од негово интервју кај Елен ДеЏенерис каде отворено зборува како го прифатил синот:
Меџик Џонсон се пензионираше од кариерата во ЛА Лејкерси откако беше дијагоностициран со ХИВ вирусот.
И Џеј сака да се облекува како жена, но вели дека не би го променил полот бидејќи е задоволен со своето тело.
https://www.instagram.com/p/BuPw8f9Hgwt/
Преземено од Црнобело