Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска имаше работна средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, на која разменија мислења и за приоритетите на Република Северна Македонија како земја-членка на НАТО и за посветеноста на Владата за време на четиригодишниот мандат, односно продолжувањето на спроведувањето на заедничките приоритети, членството на земјата во Европската Унија.
– Груби му рече на амбасадорот Која дека ја поздравува подготвеноста на ОБСЕ да им помогне на институциите на Северна Македонија во спроведувањето на реформите, соопштија од неговиот кабинет.
Соговорниците исто така, разговарале и на темата попис на населението во Република Северна Македонија, процес што тие оцениле дека успешно треба да биде завршен во текот на следната година.
– Груби истакна дека Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ќе биде модерно и одговорно министерство кое ќе придонесе за социјална кохезија и ќе биде дом на сите етнички заедници што живеат во Република Северна Македонија. Тој го увери амбасадорот Која дека во неговата улога како координатор на ресорните политики ќе гарантира кохезија во владината коалиција и ќе ги координира и насочува процесите и спроведувањето на програмата, посочија од неговиот кабинет.