Парите од четвртиот пакет на мерки не само што е задоцнет туку нема да одговори и на потребите на македонската економија туку напротив повеќе ќе ја продлабочи кризата во државата. Единствено добивка од овој пакет на мерки ќе имаат само Зоран Заев и неговите блиски затоа што тие пари завршуваат директно во нивниот џеб.
Ниту претходните три мерки не дадоа никакви резултати што за тоа е доказ каде од месец март до сега над 40.000 граѓани останаа без своите работни места и без приходи. Претходните три пакети на мерки беа чист изборен поткуп од страна на СДСМ.
Четвртиот пакет на мерки е промашен обид да се дефокусира вниманието од вистинските проблеми во државата и не нуди никаков спас за компаниите.
Анкетното истражување на претпријатијата од страна на македонските организации на работодавачи, 27% пријавиле дека кризата со КОВИД-19 сериозно влијае врз нивното работење и пријавиле целосно затварање на фирмите. Значи, околу 14.304 микро и мали претпријатија кажале дека ќе затворат.
Поради неспособноста на СДСМ, Република Македонија има историски најголем пад на БПД од 12.7%.И во проекцијата на ЕБРД јасно е наведено Македонија има корекција на БДП за годинава најголем , а тоа е 1.5% надолу од тоа што првично ЕБРД го проектирала. 1% има пад кај Црна Гора, 5 % кај Босна и кај сите останати земји имаат иста проекција за следната година ЕБРД ја намалува нашата проекција за 2.5% што јасно кажува дека мерките се навистина задоцнети.
СДСМ и Заев и не се решение на проблемите, тие се најголемиот проблем во државата.