Во Албанија рекордна бројка од 162 новозаразени со Ковид-19 

Во последното деноноќие во Албанија регистрана е највиска бројка на новозаразени со Ковид-19 од појавата на болеста  во почетокот на март. 

 -Од направените 914 тестови опасниот врус е дијагностициран кај 162 лица, што е 18 отсто од тестираните.Во исто време оздравени се 150 додека починаа четири лица во болнички услови на возраст од 47 до 75-годишна возраст, соопшти Министертвото за здравство и социјална заштита. 

Најголемот број од новозаразените и понатаму се од Тирана или 63, потоа од Корча 16, 10 од Драч, останатите се речиси од сите делови на земјата. 

Поради ширењето на болеста меѓу наставниот кадар, Министертвото упатува апел до сите училишта и  граѓаните во целина  строго да ги почитуваат мерките за заштита и да избегнуваат групирања и домашни посети.  

Како што инфомирираше вчера Генералниот директорат за основно и средно обрзование, во просек дневно отсуствуваат по 80 наставници и 40 ученици. 

Во Албанија до сега направени се 94.840 тестирања, позитивен резултат е добиен кај 14.730, оздравеле 9.115, додека починале 407 лица. 

 Според Министертвото расте бројот на лицата на кои им е неопходно болничко лекување.Така, од 5.208 активни 231 се хоспитализирани во двете ковид болници во Тирана. 

Поради постојаниот раст на новозаболени и хоспитализирани министертвото информраше дека подготвени се за прием на овие пациенти уште четири болници а во случај на потреба во уште неколку регионални болници ќе бидат отворени ковид центри.

Треба да знаете
Последни објави