Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија е зголемен за 2.828 во последните 24 часа, објави Институтот за инфективни болести Роберт Кох.
Шеснаесет пациенти починале за 24 часа, пренесува Ројтерс.
Вкупно се заразени 306.086 лица, а досега починале 9.562 лица.