Коронавирусот ќе циркулира меѓу луѓето најмалку уште една година

Епидемијата предизвикана од коронавирусот ширум светот, во Србија ќе коси барем уште една година предупредуваат тамошните здравствени работници. Дури и да стигне вакцината против Ковид 19, тие предупредуваат дека животот нема да се врати така брзо и едноставно во норламата како пред избувнувањето на пандемијата. Такво нешто може да се очекува дури во есента 2021 година предвидува епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ, член на Кризниот штаб во Србија за борбата против коронавирусот.

-Сигурно е дека ќе мораме да ги почитуваме здравствено-безбедносните мерки со носење на заштитни маски во затворен простор и одржување на физичка дистанца од другите луѓе уште  долго. Знаеме дека на сите ова тешко ни паѓа, дека луѓето се заморни.Веќе седум месеци се бориме со оваа ни малку наивна инфекција. Се додека има држави во кои оваа епидемија пламти, сите сме загрозени, бидејќи светото одамна е глобално село – вели Тиодоровиќ.

Епидемиологот објаснува дека опасноста по здравјето на луѓето предизвикано од вирусот нема да исчезне едноставно преку ноќ со појавата на вакцината.

-Најпрво целото население нема да може одеднаш да се вакцинира. Тоа ќе биде процес кој ќе потрае. Имунизацијата ќе се врши етапно и со приоритет. Вкацина ќе добиваат најпрво они граѓани на кои им е најпотребна, а потоа и сите други кои сакаат да се заштитат од непредвидливата болест. Затоа треба време и велам дека коронавирусот ќе циркулира меѓу населенеието барем уште една година. Ни развиените и многу побогртаи земји од нашата нема да можата веднаш да набават вакцина ниту така брзо да ги имунизираат сите луѓе – вели Тиодоровиќ.

Во Србија интересот за вакцината очекуваат да биде голем, а да се стигне до колектибниот имунитет од коронавирусот ќе треба да помине време.

 

 

Треба да знаете
Последни објави