Ведат Муричи напаѓачот на косвската фудбалска репрезентација од редовите на италјанскиот калчолигаш Лацио нема да биде во составот за утрешниот дуел со Македонија во Скопје. Неговото место во тимот ќе го заземе Атде Нухиу. Играчот на АПОЕЛ говореше за натпреварот против Македонија и истакна дека косовците иако се без неколку клучни фудбалери, сепак, мора да ја победат нашата репрезентација.
-Ова е многу важен меч за нас и за луѓето во Косово. Верувам дека ќе го дадеме максимумот и дека ќе победиме. Разликите се големи кога во екипата фалат клучни играчи, тешко е, ама не смее да гледаме на отсуствата на таков начин. Тренерот има доверба во сите играчи, а ако сме сите обединети ќе ја победиме Македонија, изјави Нухиу.
Покрај Муричи, во составот на Косово ќе го нема и капитенот Рахмани и повредениот Рашица.